лице (имн.) - толку (прил.)

Едо беше збунет. Не знаеше што да прави, но Инес му го приближи лицето толку многу што тој се исплаши дека жилите на вратот ѝ се претегнуваат и дека дахот го губи; ја почувствува нејзината задишана топлина во образите па во мигот кога бакнежот стана неизбежен, таа, одеднаш, се тргна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И само едно се плашев кога беше до мене, Ти го галев лицето толку нежно, зошто се плашев да не ја нарушам твојата совршеност.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)