лов (имн.) - во (предл.)

Ја спојуваа забраната за убивање жени (иако ги убивале и ги продавале на макрои) со безочните ритуални верски молитви на својата божица, за добар ајдучки лов во злато и рупии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
23. КОЛКУ ЗБОРОВИ КАЖЕ, ТОЛКУ И ЛАГИ ВРЗАЛ - си ја фрла мрежата за лов во матна бара и низ високиот шевар сѐ понатаму брза за што поголема лага, за што поголема пара...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Честопати царот одел на лов. Еднаш - велат - царот дошол на лов во Караорман по диви свињи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Паметам, беше четврток спроти петок кога од Небије дојде аберот оти утредента, во петокот, бегот ќе го носи валијата на лов во планината над нашето село.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Згора на тоа, по некој ден, од кулата во Небиље втаса абер оти бегот ќе го носи валијата на лов во нашата планина на ското наше требаше да даде триесетина души на терачи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Неуморно сме тргнале на пат, на лов во потрага по елементи, од коишто на крајот на краиштата се состои материјата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)