лошо (имн.) - да (сврз.)

Да страдам со вас и пак да сум без вас, си мислам, Господе, што ти прегрешив толку многу, си мислам, кому му сторив толку лошо, та сето лошо да се загне по мене, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си зел в раце едно дрво некастрено како за стап, раце да му се најде, за од лошо да се брани, и тргнал на угорното да оди.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Напомош да ни е Новата година. Бериќетлија да ни биде и од лошо да нѐ чува.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)