лузна (имн.) - и (сврз.)

Во купето влезе едно црномуресто момче, кое одвај да имаше дваесетина години, некаде од селата кај Неготино, мислам од Пепелиште или Прждево, па потоа уште двајца повозрасни, едниот со лузна и висок, а другиот понозок и мешест.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Господи, се молев без лузни и гревови во душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така беше: под наморничавената кожа на грбот чувствував оган од кој под плешките остануваше пеплиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На нашиот манастир ќе му подарам икона со свети Круме Арсов, со свети Онисифор без лузна и свети Онисифор без обетка.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Господ со моиве раце. Пуштете ме, ќе ви се оддолжам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но сега таа беше црна, без прозорци, изрежонета и со лузни и дупки по ѕидовите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Времето се отвора и на прастар збор го одгатнува Лузна по лузна и рана по рана записот на душата И зошто земјата замириса на мене.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Таа имаше ситни влакненца на рацете, нокти, лузни и ситна бенка на десната пазува, сето тоа создадено на беспрекорен начин.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како триесетгодишен ерген носам лузни и читам весници - херпес, сида, азиска гонореја која го победува секој познат антибиотик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не“, реков, „не мислам дека претеруваш.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев подготвен сѐ да примам благонаклонето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)