луна (имн.) - парк (имн.)

Бог да го бие Цукерберк Марк го направи фејсбук ко луна парк кој бил да моча, кој со кој се смувал дознавме дури и трава кој дувал
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Дека дури и атомите, потчинувајќи се на неговата волја, го презреле аполонскиот ред Да, да – промрморува тато, седнат на клупата, додека од луна паркот наспроти, долетуваат стреловите детски извици: - повторно воскреснуваат сенишните преданија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А и пари не носевме со себе за да свртиме едно кругче со автомобилчињата, па така немаше што да се размислува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отидовме до Луна паркот. Се растрчале мали деца, пискотници и врискотници на сите страни, глава да те заболи!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А вие, по умот на мангупите од одделение, а? – ја прекина мајка ѝ – Тие до полноќ во Луна парк и вие со нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Каде ви беше главата да размислевте, девојчиња сте, ве сметавме паметни, а вие?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како што сум информирана, сексот е втора по големина вртелешка во овој луна парк.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Џонс е сѐ уште во луна паркот, но има поголем аквариум, со свежа морска вода што му ја носат еднаш неделно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)