лутина (имн.) - го (зам.)

Распнат, помеѓу немоќта да го фати сопствениот бик, немоќта да дојде до дијамантот, лутината го раскинуваше, го дробеше, го черечеше на сите парчиња.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во 327 г.пне. го убива историчарот Калистен, внук на Аристотел како учесник во завера против него, а во лутина го убива Клит, својот пријател од детството.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Потоа замавна во лутина го плесна по лице Нисе... Потече солза. Мачна солза.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во мракот ја наоѓа Циљка. –А ти, Циљка - со лутина го впери во неа прстот - три стражарења преку ред! Разбра!?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дедо ѝ, само што ќе слушнеше на радио некој да зборува на германски јазик, со лутина го исклучуваше радиото. Со пцост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Па од лутина го кине јажето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)