лутина (имн.) - му (зам.)

На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа се помрдна и тогаш откри дека во текот на ноќта ужасната болка и лутината му се рашириле низ сите клетки и коски на телото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се гледа дека е налутен, а на лутината му доцнат зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лутината му е крената високо од над очи, се накострешил и само крв гледа Дуко Вендија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но пополека лутината му смекнуваше на учителот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)