луѓе (имн.) - рече (гл.)

И дојде ден тоа да го види Трајан. Кога почна регрутацијата, луѓето рекоа: господе, поможи, лесна да ни е ногата, и тргнаа. Со нив и Трајан Блосоениот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И луѓето рекоа: да се обидеме и така. Утрото, од рани зори, почнаа да збираат кучиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето рекоа: - Ете, отидоа и тие... Злото си го понесоа в гроб...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога го закопаа Каравила Пејкоски, луѓето рекоа да не се задржуваме крај гробот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)