луѓе (имн.) - под (предл.)

Луѓето под турско петстотини години мислеле дека не можат да сонуваат да ја разнишаат таа сила, а ете таа изгнили и пропадна како трула штица. После пет стотини години, да, но пропадна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но јас веќе гледам како се растураат замрзнатите строеви, колони неслободни луѓе под една команда, под еден ред, под едно ѕвоно, слушајте, таа иде, се колнам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги видоа тројцата луѓе под леските, но никакво подозрение не зедоа, бидејќи секој ден имаше пазарџии што си почиваа под сенките крај водата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сети на своето село, на куп луѓе под сенките на големиот орев, на јатото кокошки кои го колваа буништето, на свињите кои ги таманеа како крв засирените црвени бобинки, на бунарот и чкрипотот на чекркот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)