луѓе (имн.) - пак (прил.)

На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Велат се спрема уште една војна но светот воопшто и не видел мир душата на луѓето пак е неспокојна садистички здробена, заробена в немир
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)