маало (имн.) - или (сврз.)

Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зборот маало или махала, од арапски корен (со значење на населување) се употребувал и се употребува во сите балкански јазици, во јазиците на Блискиот Исток и подалеку.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наоѓаше другарче од средно, комшија од маалата или братучед на баџанакот кој е високо поставен во партијата која има победено на изборите. – Алек, ич не се изненадив кога ми рече дека тој ќе биде директор на секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Маалото обично го сочинувале педесетина куќи, но во Цариград, на пример, маалото Фанар претставувало мал град...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)