магазин (имн.) - со (предл.)

Секоја недела го добивам весникот Телерама (магазин со телевизиска и радиопрограма, проследен со неколку интересни статии).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Има магазин со кученца, кучиња среќаваш насекаде: во метро, во автобус, на улица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)