магазин (имн.) - или (сврз.)

Повеќе личат на магазини или коњушници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Е, сега оди нагоре по патот. Кога ќе стигнеш до последниот магазин или коњушница, сврти малку лево...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но зошто да го правам тоа, и дали воопшто да постапувам така кога знам дека моите размислувања подобро ќе ги сфатите ако ви порачам да го отворите вашиот приватен магазин или склад во кој се сместени но не за распродажба туку само за разгледување, како во приватен изложбен салон, сите дребулии на вашите мечтаења.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога велам дребулии со подеднаква сериозност мислам и на мечтаењата при отворени очи како и на другине што ви протрчале само низ градините на сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)