маж (имн.) - во (предл.)

Трајанка ја советуваше: - Мора снао, мора да има некој маж во куќата, Стојанче е многу мал.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој ја задржа цврсто и во истиот момент се стрчаа една постара жена, еден маж во поодминати години и Севда и Стасе...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Тој лом со природата е на страната на жената, а присилната активност на мажот во крајна консеквенца не е ништо друго туку подвоен обид трауматската дупка од тој расцеп одново да се затне.” (Славој Жижек) Антигона, значи, а не фантазмот на библиски пророк, е вистинскиот узор за модерната интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мажи во смокинзи и жени во вечерни тоалети цицаат „пусе-кафе“ низ алабастерски цевки. Еден блискоисточен Магвамп седи гол на шанкот на висока столица. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 19
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се потсетуваме на комичната фантазија на Албинус, во “Смеење во темнината” од Набоков, при аними­рањето на холандското жанр-сликарство -”сѐ оддеднаш се враќа во живот со малиов маж во црвено кој го спушта бокалот, девојкава со послужавникот што слободно се вртка”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мажот во тие бракови ја задржувал својата вера, а жената својата, додека машките деца ја следеле татковата вера, а девојчињата мајчината...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рози се обиде да си го замисли Даниел како маж во кој таа беше заљубена, а не како одделена и донекаде туѓа личност, како што ѝ изгледаше сега.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нивната тага, колку и да била вистинска, се изземала од сериозна сфатеност, делумно затоа што машкото вдовство никогаш не може да го заземе она место во јавната светост што женското вдовство редовно го зазема (има ли таков ужален маж во американската историја кој го достигнал иконичниот статус на Џеки Кенеди?), а делумно затоа што геј-љубовта претставува јавен срамотилак, па така и болката на геј-љубовниците предизвикува презирни насмевки барем онолку често колку што изнудува солзи. ‌Геј-загубата никогаш не се воздигнува баш до височините на трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е со други луѓе (други мажи), туку, најсвојствено, како сам маж в соба, во ентериер“.247 Сликата на Бартлет за претставителниот геј-маж не е слика на човечка споеност или сексуално единство, туку за поединец кој самува в соба со своите работи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се работи за самотно настрано задоволство – за она што Д. А. Милер го нарече „хомосексуалноста на едниот“.246 Нил Бартлет, пишувајќи за Оскар Вајлд, вели: „Кога и да го замислам во поза, не е ниту гол ниту пред празен ѕид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓу нив и маж во полициска униформа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Жени, мажи во години, старци, доенчиња Црневица местото се стори. Сѐ наши луѓе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од самопослугата излезе маж во средни години облечен во службена униформа на фирмата и се упати кон нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
6. На пат за селото Иеропиги 19, надвор од Месопотамија20, седнат скраја од патот, не пресретна маж во години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Излезе маж во одминати години, трипати се прегрна со Исо и без да праша кои сме и од каде, истото го стори и со нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Аналогно на тоа, релативно лесно е да се предочи еден свет со еднаква плата за еднаква работа, со подеднакво споделени домашни одговорности, со исто толку жени колку и мажи во позиција на моќ, и др., и да се согледаат присутните нееднаквости како неподносливи за нашироко споделените интуиции за тоа што е право и правда.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Музиката доаѓаше од групата што свиреше на поткренатиот подиум, тројца мажи во исти костуми со дупло закопчување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Камбаните почнаа да чукаат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го помилува по образот и му ја стегна раката пред да му се врати на својот маж во средината на семејната фотографија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко ми велеше: „Маж во куќа, тоа ти е неопходно зло - за да се замешаш во народот и да не бидеш различен по таа основа“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Видикот го стаписа. На креветот лежеше маж во полна снага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Светлана беше балансот меѓу Рада и Никодин. Успеа да го омекне тврдиот став на својот маж во врска со поголемата слобода на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Браќата беа друга приказна - тие беа постари, пет мажи во фамилијата кои од многу рано се бореа за сопствената егзистенција и му помагаа на татка си да го развива бизнисот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ако седеа мажите в село не ќе им раѓаа женичките џагуриња со големи заби.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ЉУБА: Ако сакате задолжително да знаете, тогаш да ви кажам дека трговецот со вино му плати на мојот маж во натура, за портретот што му го наслика.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Милош, исто така млад, на осумнаесет години почна да се загледува во неа како секој маж во жена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оди до масата, зема од кесето јаболко, загризува со уживање. запознавање... F-дур Тој е висок убав маж во избледена облека, црномурест, со брада, има црвена линија на вратот: - Простете, ве молам...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Прадедото Сечков во младоста лежеше на Родос, а како средовечен маж во Куршумли-ан, каде што на ѕидот од ќелијата го врежа своето име и презиме.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Прегратката е пријатен настан па и тогаш кога ќе ти ја понуди случајноста, мил мој, бесрамно тврдеше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ова ми го соопштуваш на ист начин како на пример она твое влегување во НАМА за да пробаш здолниште, приговарав, и тоа сосема оправдано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нели, и самата наеднаш ќе констатираше: Ништо полесно од тоа, да му влеташ на маж в преграб.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги собраа мажите во училиштето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во одајата, во која има дваесет ранети, влезе маж во години, облечен во бел мантил.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мажи во одминати години, некадарни да носат пушки, ама со нарамени лопати, одат долж колоната, ги собираат оладените.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќератајата низ дуљбија мора да видел дека тука имам мажи во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако не ги разбирав што зборуваат, сѐ ми стана јасно дури откако видов дека двајца мажи во моја близина ја дерат кожата од мртвиот алигатор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)