масичка (имн.) - со (предл.)

Седнат сам до масичката со машината за пишување, сред бледата светлина од лампата со слаб напон, ги препрочитував редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред прозорецот на јужната страна од мојот стан се наоѓа едно мистериозно дрво.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знаеме каков вид дрво е. Се распрашавме, но никој не знае.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Искрено речено, многу предмети и немаше: во аголот еден стар железен кревет, мала масичка со две столчиња, црн шпорет каков што јас до тогаш не бев видел, еден чуден орман, кујнски прибор на една полица и на ѕидот над креветот - неколку пожолтени фотографии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Брат ми последен пат ми плаќа кирија. штом толку поради тоа се дере.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
До прозорецот имаше мала масичка со две едноставни столчиња, на кои ногарките благо се превиткуваа во форма на Ѕ и со тоа, веројатно, се трудеа да постигнат граѓанска елеганција, достојна за една млада дама.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)