маче (имн.) - си (зам.)

Децата го гледале и си мислеле дека малото маче си игра со своето опавче, зашто многу мачиња си играат така, го гледале и слатко се смееле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А да, ти имаше куче - ама, сепак, и тие гризат! Маче си е маче!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Виде едно шарено маченце и си помисли: „Мачето да се претвори во кротко коњче и да ме однесе дома!“ Но мачето си остана - маче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)