мајстор (имн.) - во (предл.)

Место јусшевро или бокс тој ги прави од овчки мешини; место ѓон, ќе кладе мукава, но кога ќе им го удрат децата лустрсто, ни Петре Модерното, што е прв мајстор во еснафот, не ќе може да разбере оти не е ѓон.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На него влијаат Мане, Сезан, ван Гог, старите мајстори во Лувр, посебно Тицијан и Гоја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во овој град на Меза постои стара црква од петнаесеттиот век, но затоа пак во Лиеж, во црквата „Сан Бартелеми“, се наоѓа казан за крштевање, изработен од дванаесеттиот век од мајстори во Уј, кој по својата уметничка вредност, како што пишува во книгата, се споредува со многузначајните дела од времето на италијанската ренесанса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во ова двојно позајмување на идентитет, како на личноста така и на полот, во замената на еден лист хартија со друг, ќе видиме, можеби, не толку иронично заколнување на едниот мајстор во непочитување на верноста кон еден стар мајстор, колку можност да се постави прашањето на вистинското значење на едно дело чиј што автор на своите современици им се покажуваше како вечен алиас, а делото секогаш се разликуваше како алиби.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога навршила 16 години, добила понуда за брак од мојот, сега веќе покоен, дедо кој бил, ни помалку, ни повеќе 11 години постар од неа, но затоа пак бил мајстор над мајсторите во градежниот занает.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Комисијата за проучување на заоставштината на Г.М. на И. , составена од наши еминентни стручњаци, по деталното разгледување на обликот на буквите, како и на мастилото, заклучи дека записот на првата страница од жолтата тетратка веројатно потекнува од младешките денови, пред доаѓањето на младиот мајстор во Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега знаев дека Пенчо се трудел да личи во одењето на својот мајстор во апашкиот занает.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секако го пренесуваше од куќата на својот мајстор во слаткарската работилница, недалеку оттука.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А како и нема кога земаше приватни часови по танц од најдобрите степ мајстори во Чикаго.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чедо Вампирот беше вљубен во музиката на Ирвин Берлин, а степуваше исто така генијално како и Фред Астер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некои од нив беа мајстори во филигранскиот занает, а другите во чаршиските занаети на другиот, источниот брег на реката, а речиси сите беа обземени од фугата на заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)