меана (имн.) - од (предл.)

Влегуваме во меаната од Доксима Тренчески. Доксим рипнува и нѐ пречекува, се смее. Вистина кисело, ама се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој не знае како дошле арапите, како ја намирисале меаната од Доксима Тренчески...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По два дена го наоѓам Дуко Вендија. Во меаната од Доксима Тренчески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Запираат пред меаната од Доксима Тренчески и не можат душа да соберат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отрчуваме пред меаната од Доксима Тренчески. Доксим излегува со велка варена тиква в раце. Ја чу вревата и излегува на врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)