мед (имн.) - во (предл.)

Според Бојс, преобразувањето на медот во саќе од страна на пчелите е “примарен вајарски процес” и, како таков, модел за секое создавање на уметност, поединечно и општествено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мечката го хранела брадосаниот никаквец и натрапник престрашен и за ѓаволот, му носела големи гранки со оскоруши, грмушки со дренки и искорнати гнили стебла со мед во утробата. Тогаш можеби била и скотна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полна луна на полноќ: тукушто откриен ќуп мед во внатрешната одаја на Пирамидата: вртење во круг безизлезно враќање јанѕа ... мирис на маточина, мрмор на планински поток, кошариња пчели, тивки дење, потивки ноќе и - збунувачки спокојна бесконечност ...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа е толку геометриски егзактно - замрзнато - како кристал, но може, со помош на физичката топлина на пчелата, повторно да биде растопено - “вратено” - во течна состојба, правејќи ја својата примарна топлина расположива како храна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Болестите се секогаш духовни кризи во животот, во кои старите искуства и фази се отфрлуваат за да се овозможат позитивни промени.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Настинатите го мешаат медот во чајчето Возрасните го мешаат шеќерот во кафето Домаќинките со миксерот подготвуваат колач Секретарките ја мешаат работата со задоволството
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа љубов, значи, почнала во една пролетна мугра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)