мермер (имн.) - во (предл.)

Со оглед дека опкружувањето игра активна улога во обликувањето на умот, се обидов да ги променамнашите вообичаени односи и реакции во нашата средба со секојдневна реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
“141 141 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 112 Проблематизирањето на културните и материјалните вредности, конвенции и авторитети што го прави Димитријевиќ, неговото славење на важноста на обичното и занемареното, е присутно и во неговото тактичко користење на инструментите на историското сеќавање/глорификација: споменици (Дејвид Харпер, Лондон, 1972 година; Обелиск од онаа страна на историјата – 10 метарски споменик од карарски мермер во слава на 11 март, датум случајно избран од страна на случаен минувач), плакети (со натписи како што се Џон Фостер живеел тука од 1961 до 1968; Ова би можело да биде место од историско значење), бисти, улични знаци, листи на случајно избрани имиња итн., во чест на непознати личности и настани: „Сакав да направам пресврт во значењето...
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Нејзините штикли одѕвонуваа на белиот мермер во ритамот на гордоста која неминовно, речиси секогаш си оди рака под рака со убавината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И морето и бродот стокмен од нејзините ноќни шепотења и сребрените скали на вечноста по кои слегува до нас О Таа мртва, Таа заскитана вон дните Таа жуборлива во нас и студена во каменот овде е нејзината земја и мермерот во кој молчи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Спој од зеленило, цвеќина во најразновидни бои од една страна, а од друга страна камен и мермер во сите нијанси на сиво, бело, црно...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сакаше да помага секому и можеше да ти положи испит на факултет ако си заглавил, да ти ја тргне одлуката за рушење на дивоградбата во фиоката најдолу, под сите предмети, додека не застари, и да ти најде работа на машина за бришење мермер во Градски трговски центар или на кран на градилиште.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)