месец (имн.) - август (имн.)

Така правоверните го задушија востанието во Мариово и му ги испратија водачите на бунтот на прилепскиот кадија и на скопскиот беглер-бег да се расправаат со нив понатаму, а Аџи Јане и Аџи Рампо почнаа да бегуваат над останатите живи мажи, жени, деца и старци под новите имиња: Јануз-бег и Рифат-бег од Мариово. XVI дел ЕДНА НЕДЕЛА по Илинден, во еден од најжешките дни на месец август поминаа преку Прилеп тринаесет мажи и две жени исповрзани со дебели синџири за гуши, за раце и за нозе, водени од по тројца сејмени и пазени од по десет наемни царски војници со исукани јатагани и остри маздраци, а напред јаваа двајца бегови и еден забит на три црни коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се вратив во Скопје на почетокот од месец август.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во селото доаѓавме секогаш штом ќе завршеше школската година и останувавме до крај на месец август.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Со првата, од месец август, дојде до укинување на одредбата за работничките книшки (чл. 1, ЗИДЗВОСН/авг.08), 11 додека втората се однесува на укинувањето на можноста работодавецот да може да вработи работник без огласување (чл. 1, ЗИДЗВОСН/дек.08). 12 Парични казни И во поглед на паричните казни дојде до промена на одредбите од ЗВОСН од 1997 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)