месец (имн.) - по (предл.)

Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На закопот беа сите жители од Потковицата, и старо и младо, и машко и женско, и свршеникот и роднините негови дојдоа од Битола, и сите на глас ја редеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога наврши Милица двајсет години, со одобрување добиено од татка ѝ Ѓорета од затвор, се посврши за некое момче од Прилеп, а само по еден месец по свршувачката, умре, одненадеж.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ден по ден, недела по недела, месец по месец и првата година мина...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сестра му Кефсер се омажи многу млада, на седумнаесет години, и неколку месеци по свадбата со сопругот Гани замина во Швајцарија, во Луцерн.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неколку месеци по разговорот со мојот другар Специјалистот за чудни болести, повторно се „фатив“ како сам си зборувам, како сам си се прашувам и сам на прашањата си одговарам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Велат дека некоја квечерина, неколку месеци по нејзината смрт, дошол некој човек, остарен, со виток стас, со букет во рацете, поминал покрај траурната порта на Невена, троа подзастанал и си заминал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден дел од широкиот двор беше покриен со лозници и насекаде имаше цвеќиња: во предниот дел од дворот во март месец по земјата се ширеа бели и розови зумбули, во април потокалови и црвени лалиња, а над нив се извиваа тенките но густи како букети - бели и лилави јорговани кои расцутуваа во мај, додека преку целото лето низ дворот се ширеа бели маргаритки.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во таа смисла, само по еден месец по одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, се одржа четничкиот конгрес во селото Ба, на 25 јануари 1944 година, во присуство на 274 делегати, меѓу кои и претставници на компромитираните и разбиени политички партии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На конгресот присуствуваше и капетанот Менсфилд, член на воената мисија на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И кога неколку месеци по државниот удар ми се јави лично шефот на дипломатскиот протокол, со известување дека се организира матанѕа, односно со барање за учество, јас морав да ја покажам својата неукост и да запрашам: - Проштевајте, рековте - матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)