месец (имн.) - подоцна (прил.)

(Cixous) Kristine Stilles убедливо ги спореди општествените и законски реакции на Destruction in Art Symposium (DIAS) одржан во Лондон (настапуваа Nitsch, Muhl и Brus) со оние за конференцијата Dialectics of Liberation која исто така во Лондон, десет месеци подоцна, ја организираа R.D. Laing i David Cooper (сосема случајно во времето на судењето на организаторите на DIAS: Gustav Metzger i John Sharkey): Текстуалната и излагачка егзегеза на учесниците на The Dialectics of Liberation не претставуваше никаква закана бидејќи им беше потчинета на неодредените, сентиментално идеалистички термини на ослободувањето, а таа терминологија соодветствува на авторитарниот, апстрактен, ограничен, одваган и остензивно објективен kTMd на академскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, дозата од таа книга била предвидена за психијатри кои таблетата би ја користеле под клинички надзор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Феминистичките писателки како Luc Irigaray и Helne Cixous повикуваат на авторизација на автобиографското односно субјективното: „Испишете се себеси. Вашето тело мора да се чуе.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова им беше објаснето и еден месец подоцна истата таблета се појави со преполовена доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гронинг: Сакам да цртам стрипови, но тие секогаш се лимитирани со бројот на зборовите што можеш да ги употребиш, а сепак да го задржиш вниманието на читателите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Терминот го одредивме еден месец подоцна - први декември.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повторно го придвижив прашањето неколку месеци подоцна, но Жене беше поупорен од било кога дотогаш...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ми беше мило што Кенеди беше претседател; беше симпатичен, млад, паметен - но не ми значеше многу што е мртов.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесов­ме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Играше со децата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога се врати неколку месеци подоцна, се испостави дека ја загубил моќта на говор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сообраќајна несреќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Слушаше радио.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неколку месеци подоцна дојде и мојот прв чекор кон мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нецел месец подоцна, откако е сместен во лудницата во Сен Реми, Винсент му пишува на Тео: “Сакам да ти кажам дека направив добро што дојдов овде, пред сѐ кога ја гледам реалноста на животот на лудаците и на разни чукнати типови во оваа установа, го губам оној нејасен страв, стравот од лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На таа вина, која, велеше, му е присушта на секое човечко суштество, себеси си додаваше уште една – тврдеше дека се сеќава дека уште како едно и пол годишен ја посакал смртта на тукушто родениот брат Јулиус, кој умрел шест месеци подоцна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така брат ми беше и Каин, и на него се однесуваа Божјите зборови: “Што направи? Чуј!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од тој ден ми остана сеќавањето на густата црвена течност, на чувството дека бев како пресечена на половина и на онаа ужасна тегобност кога ѝ кажав на мајка ми, а таа ми рече: “Отсега па натаму треба да го знаеш својот долг, основниот долг на секоја жена: за својот живот да се оддолжиш со раѓање на нови животи.” …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа, малку по малку, доаѓам во состојба да го гледам лудилото како болест слична на секоја друга болест.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во 1856 година, во изнајмената соба над една ковачница, во која живеела со сопругот по венчавката, на свет го донела Зигмунд, следната година го родила Јулиус, кој умрел осум месеци подоцна, а потоа се родила Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Три месеци подоцна, ПТЦЦ била ненадејно расформирана, без да се каже зошто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку месеци подоцна, кога Матеј беше на пракса во САД, ми кажуваше дека кај пациент што е тешко болен и хоспитализиран на некој оддел, ако има потреба од друга интервенција, доаѓа тим од доктори таму каде што лежи, а не него да го шеткаат лево-десно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Предвидено беше и тоа дека, во случај да работат повеќе од три години, за годините навршени по овој период, на овие лица ќе им се пресметува пензија во висина од 1% за секоја година помината на работа, од пензиска основица определена од платите, без валоризација (чл. 3), но оваа одредба беше укината од страна на Уставниот суд во 2008 година. 6 Неколку месеци подоцна, овие промени беа и целосно укинати со усвојувањето на измената и дополнувањето од 24 декември 2008 година (чл. 1, 5 и 10, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа дојде едно писмо, неколку месеци подоцна, што ги исплаши.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се окарав уште кога го забележав слегувањето на Катерина по белите мермерни скали што веројатно водеа во некој друг свет, или во времето кое неколку месеци подоцна Загорка Пеперутката со голема сигурност го нарече друго време или така некако.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неколку месеци подоцна, Луан Старова ми одговори барајќи ми да продолжам да му пишувам...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И каква невообичаена авантура да се препушти на преведување со двајца вооружени полицајци пред вратата на неговата резиденција!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, како што заклучува Г.Пирински, „прокламирањето на слободна Македонија... не го реши комплетно македонскиот проблем“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но само еден месец подоцна, институционалните противници на ОСС им нанеле уште еден удар на обидите на Донован за единствена организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Девет месеци подоцна, тој пишува: "125 делегати на Антифашистичкиот совет на националното ослободување на Македонија се собраа во Битолскиот манастир на 41-вата прослава од историското Илинденско востание и се конституираа себеси во врховно законодавно и извршно тело на македонската федерална држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Владата на САД и воените служби успеале да го убедат претседателот да им се забрани на ОСС и на некои други служби да учествуваат во декодирањето на најважните разузнавачки информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)