месец (имн.) - или (сврз.)

Виде уште како овие девојки и невести и ласкаат на чешмата: „гостичката е млада", па си вели со умот: „Море, чекајте, орјатки, ќе а видите вие Рожденката по некој месец или година кога ќе се вов'чи, дале е стара или ќе се подмлади, пушка ќе ве вркне!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По околу еден месец или месец и половина, Едо речиси сосема се смири.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Посебно им се наоѓаше на оние кои доаѓаа на поседок на еден месец или два и кои кај чича Васка имаа можност да заработат некој долар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некое вчерашно утро, „вчерашно“ од пред месец или можеби од пред половина година, часовникот мртов-ладен си застанал, па така си стои без никој жив да се погрижи зошто не работи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ужасниот проблем со неточното мерење на времето нив воопшто не ги засега.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се прецизира категоријата на лица кои подолго чекаат за вработување, како лица кои биле невработени 12 месеци од претходните 16 месеци или 6 од претходните 8 месеци за лицата под 25 години.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Геј-гетата, со други зборови, побудија нови облици на живеење. ‌Луѓето што ги воспоставија тие гета не беа, главно, народ од средната класа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со месеци или со години штеделе пари и најпосле се доселиле во големиот град, каде што разумните станарини во геј-маалата што се создаваа во некогашните етнички, работнички или постиндустриски делови им овозможуваа на луѓето како нив да се издржуваат работејќи како келнери или како медицински сестри, а, сепак, да живеат во урбан геј-центар – макар што можеби мораа да го делат станот со неколку цимери за да ја делат киријата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Новите урбани мигранти беа, главно, луѓе со скромно потекло кои, во времето на релативниот просперитет што ги обележа крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години, можеа во Калифорнија да ги најдат истите неквалификувани работни места што ги имале во Ајова или во Алабама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Енклавите Кастро, Фолсом и Полк Стрит во Сан Франциско не беа населени со типови што чекале да се отвори работно место во некоја центарска адвокатска канцеларија или на Универзитетот на Калифорнија во Беркли (иако имаше таму и многу правници и професори).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И многумина правеа така: тоа беше геј-соодветник на Исходот. ‌А ако ти се присакало секс, во тоа време, мораше да излезеш од дома.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе се погрижам да ти донесам цигари или тутун.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Велат месец или два и пак долу.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури бев пресметал во себеси дека зајменото ќе можеме да го вратиме за месец или најдоцна за два, а самиот настан го бев сместил помеѓу оние мали авантури што барем до случајот со столовите немав храброст да ги престорувам живот но затоа пак постојано ги смислував и ги оставав слободно да шетаат низ мојата фантазија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А што е најважно она што денес ни се случува предодредено е од нашите мисли и верувања од минатиото – од мислите и зборовите што сме ги имале пред неколку дена, пред неколку месеци или од пред неколку години или пред неколку векови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Можеби и должината на животот ни е генетски предодредена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сатурн сакаше да ја употреби својата вештина за забавување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Веќе не знам колку време сум овде, колку месеци или години, но секој ден е полош од претходниот – рече и воздивна од длабочината на душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеше да се случи, еднаш во месецот или на некој празник, Татко да донесе пиле, па тогаш Мајка покажуваше нови чуда во справувањето со тестото и со месото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ако го возиш твојот уницикл помеѓу годините, внимателно одржувајќи ја рамнотежата со рацете подигнати горе, и ако управуваш низ годините, минувајќи една седмица во 1909, еден ден во 1900, еден месец или ноќ некаде другаде, 1905, 1898, би можел да го додржиш летото до крајот на својот живот.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)