место (имн.) - за (предл.)

За секое семејство е предвидена по една соба. Практично, не гледам место за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа ќе биде место за собирање навечер, за средби и разговори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна кога дојдов во Маказар, кога се вратив за стално, веќе тропаа кофите и местото кај бунарот беше станало едно место за собирање навечер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев решен, еден ден, тука да одберам и да подготвам место за себе и за Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Местото за годината стоеше, но не можеше ништо да се распознае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во Софија многу се консумира сладолед на секое продажно место за сладолед има опашка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Толку е позната во светот, што навистина претставува премија да се добие место за пансион.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тешко е во Истанбул да се најдат поубави места за живеење од оние каде што со векови живееле турските падишаси, уживале во харемите и покрај шадрваните ја кроеле историјата и судбината на рајата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кочо виде некои лица од возот, се поздрави и праша дали има тука место за спање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во лозјето тој си има свое место за седење, под крувчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зората нестрпливо чекаше да си одам за да ти пријде – немаше место за тројца.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Вокалите се обидуваат да воведат некаков (којзнае каков и кому ли потребен) ред во творечката анархија на една агонија во која времињата заемно се ништат да би да ослободат повеќе место за обичното, дребно постоење.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бескрајот се стуткал и си нашол место за отпочин на старинскиот балкон на жолтата зграда на Plaza de Armas.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Треба да им пронајдам место за шаторите. Мислам добро ќе им биде онаму долу, над стубелот. Вода ќе им треба. - Шатори велиш, а? - Така сакаат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тука немаше место за отпор. Што ќе речеше стариот археолог, тоа и ќе бидеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одалеченоста на местото за спуштање била три часа од Црвена Вода.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во нашиот живот нема место за зборовите на срцето. Помисли си.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Грдан се врати со една чинија во едната и две виљушки во другата рака, Горда ги симна нозете од масичката за да отстапи место за салатата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се чини како оној најслушаниот Бојс кој исчезна низ прозорецот да се вратил низ рамките и присуствува на оваа изложба, Бојс-дијалектичар и оратор-бранител, Бојс на перформансите и екологист- кандидат на европските избори, оној кој ја подр­жу­ваше идејата “секој човек е уметник”, оној чија концепција за проширена умет­ност немаше ништо заедничко со “таканаречените пластични дарови”; се чини како тој, Бојс, теозоф и гуру, да се обраќа до ѕидовите, но само со неколку зборови педагошко резиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој случај, ако Бојс бил, како што вели печатот, „контроверзен уметник“, тешко е да се замисли дека тој сѐ уште може да биде контроверзен со една изложба која вешто го стопува она што е различно, а суптилно го брише она што дава место за дискусија. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стојам кај Сујтлакот, пред Првомајските празници. Сакам да проверам како врват работите и дали валјакот ќе успее да го израмни и набие макадамот што води над градот, до местото за прошетки и излети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со право може да се нарече стажарско место на нејзината желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште една вистина што не е без значење: местото за могила што го избра мајка ми нема никаква врска со нејзиното и со нашето минато а уште помалку може да се поврзува со нашата иднината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
КОТЕ: Тоа ќе му го кажеш кога ќе се разделите кај Плачиврби, кај што е местото за плачење...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Уметноста е прашање на персоналитет. Нема место за вкус во механичкиот цртеж. 122 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сликарството го сметам како средство за изразување, а не како цел. Средство за изразување како било кое друго, а не цел која би исполнила цел еден живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Борците се вртеа еден околу друг, бараа слабо место за напад, диво стенкаа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите заедно учествуваат во заедничката претстава на откорнувањето на религијата од душите на луѓето за да ослободат место за идеолошкиот Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според Серл, битно е да се покаже дека и дуализмот и материјализмот се лажни бидејќи општо е прифатено дека овие го исцрпуваат полето, не оставајќи место за други опции.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Беше чедна, внимателна, но во моето срце немаше место за двајца и тоа таа го сфати.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И така во потрага по место за паркирање излегов од градот каде не пречека табла со натпис Корча.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вртиме кружно и бараме место за паркирање. Паркинзите полни и тротоарите зафатени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Барам место за паркирање. Сѐ е зафатено.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тесната улица, која тогаш беше нашето единствено место за играње фудбал со топка крпеница од партали, е широка и само мерцедеси се движат во колони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да, бевме заслепени. Нас, простите селски деца така нѐ научија, така ни го имаа испрано мозокот што во него немаше место за да се роди мисла и мислење...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше дестина соби така да имаше доволно место за сите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Хикмет-бег, директор на политичките работи на Вилаетот, одговорен по протоколот, ги дочекувал поканетите лица и на секого му го покажувал определеното место за седење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се надева дека ќе се отвори работно место за наставник во второто полугодие.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги воскресна, ги оживеа и ги врати назад во Библијата, во благословената земја нивна, стокмена меѓу редовите на Светото писание, зашто на земјата немаше место за нив, зашто земјата им ја испоганиле лажните богоугодници, милениците на мракот и темнината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие постојано ме молат да ги однесам во Гнездо во посета на тетка им, ама јас одбивам. Тоа не е место за деца.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јохана тргна кон својот дом, јас кон својот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега нема место за стамболовска политика. Преродувањето на стамболовскиот режим во Бугарија сега не се оправдува со ништо и претставува еден нов обид на политичкото недоносче да покапризничи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А бидејќи во автономна Македонија ќе нема место за пропагандите, тогаш Србите ќе треба да им отстапат место на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така: стремежот на Македонците да си создадат свој културен центар; тоа што сега Битола се прави престолнина на Македонија; што Битола, Охрид, Прилеп се историски места за Македонците; како и тоа што составуваат тие географски и јазичен центар, – сите заедно прават да се прифати како општ македонски литературен јазик централното македонско наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дрвото, кое потсетуваше на славната песна на Киплинг (Борхес беше верен обожавател на Киплинг), близината на сенката на Калвин, и благиот мир на тоа катче ја донесоа одлуката наместо Марија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Писателот на текстот веќе не е сезнаечкиот автор, оној којшто има директен пристап до вистината, туку место за средба на различни јазици/дискурси, искуства...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден ден заедно на Пленпале да ѝ помогнеме на Марија да го избере местото за Борхесовиот гроб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ни беа покажани неколку слободни места во различни делови на малите гробишта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија се двоумеше сѐ додека не го виде последното место, под едно прекрасно зрело дрво на тиса, која на француски се нарекува иф, и тоа само неколку метри од мошне скромниот гроб за кој се покажа дека е гроб на Жан Калвин.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колективен автор - тоа не е хиерархиски начин на работа на „инвестигивни тимови“ во коишто помладите соработници само го собираат материјалот за постарите редакциски волци стручно да го обработат, туку заедничка, колективна работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Балконот е малечок и облека сушиме на него, но сепак би можело да се најде малку место за цвеќиња,“ - гласно размислуваше сестричето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Знае таа дека секоја година освојува прво место за златна „кутљача“ и сребрен медал за „медицинско особље“ по дома.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во градот нема веќе место за него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нема место за човечки гласови, овде се сместени само нивните тела и заморното дишење на дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секоја вечер го менуваше местото за спиење. Се измешуваше со луѓето за да не го видат очите што го бараат неговото тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се искачува на мала плоштатка, толку мала колку да има место за него и за оној што ќе му ја стави јамката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За повлекување е доцна. Нема место за повлекување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Велам: - Јас кога ќе си легнам, мислам дека никаде нема празно место за сонување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите веруваат дека ако се криеш сам, ти треба помалку место за криење. А и помалку работи имаш за криење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се кострешат и немушто се молат. Ама нема место за потаму. 132
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А месата, непцата изгорени околу забот. Се кинат. Немам место за илач.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мрак. Нема будење, нема воскрес. Мрак. Нема будење. Мрак, глувота.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбудив од својата смрт многу подоцна и на неколку чекори од заодот над непознатите ридишта над кои гракаа врани или пропаски со попусто тргање на крилјата за педа да се подалеку од местото за кое ги држеше некоја сила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, долгото молчење на Томо ѝ остави место за сомнеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Води ме, само немој да ме носиш, - се насмеа Рада додавајќи - Значи тоа е твоето омилено место за егзекуција на твоите „трофеи“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А Рада многу добро знаеше дека Томо е сместен во приватна куќа, во соба каде што имаше место за уште еден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Упорно ја следеше до првиот маркет. Сметаше дека тоа ќе биде вистинското место за почетна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сето тоа со малата приземна куќа даваше целосна амбиентална целина. Совршено место за одмор и медитација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Низ сивата мугра се пробиваше сноп на страмежливи сончеви зраци, правејќи место за топлите кои доаѓаа по нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми треба некое помирно место за учење. Би ми одговарало приватно сместување. Плус, би биле и поблизу и би се гледале почесто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Имаш ли некое место за мене?“ праша враќајќи го бокалот на масичето; чу иста таква тихост: „Имам. Економ на едно градилиште.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Проектиран буџет за новости чека сопствена реализација на местото за вашата реклама.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Пред да го донесат тука, го беа одвеле на едно друго место, кое мора да беше обичен затвор, или место за привремено притворање што го употребуваа патролите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше добро место за криење, кога еднаш ќе стигнеш таму, но стигнувањето до таму беше многу опасно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа ќе бидат забележани и карактеристичните заемки: мегдан, мејдан (од арапски meydan), вид плоштад, во селата и градовите, но и место за одмерување на силите; sokak, улица, но денес се употребува само за означување тесна, калдрмисана улица (од арапски sokak); џаде, друм, државен пат (од арапски cadde); калдрма (од турски kaldirim).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ќе забележи и солиден број заемки за називите на јавни градби, градени уште од времето на Османската Империја кои останале и со денешна употреба речиси во сите земји на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Симон, кој како дете, и дотогаш земал по некоја задача да однесе ова или она, до ова или до она место за борците, таа ноќ се случило да се најде кај брат му Борко, кај командантот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За прв пат е прецизирано и тоа дека работникот- приправник има право на плата, определена според закон и колективен договор, но не помалку од 50% од најниската плата на работното место за кое се оспособува (чл. 114, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нивниот став беше дека, на тој начин, ќе се зголеми мобилноста на работната сила, бидејќи му се овозможува на работникот да го промени работното место за некое подобро место без да има пречки од типот на задржување на работничката книшка од работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Плажите покрај Пацификот се толку долги и широки што никој не се прашува ќе има ли место за неговиот пешкир.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Потоа ѝ прати кутија локум, та дури ја дотера до сребрен синџир со гровчиња и најпосле „саватлија“ прстен, со празно место за презимето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мокри се сите тројца, ама се нема време ни место за било какво соблекување.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во сопчето, освен за касиерката, имаше малку место за количката или за уште едно лице.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си велев: Прениско е ова место за да се стигне навреме да се стигне пред гламната да прегори пред виделото да нѐ напушти за да ѝ се врати земеното на земјата: вода, оган, крв.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Мелодрама Не, доволни се двајца нема место за повеќе и кога би можеле да го измениме и кога праведно би го поделиле Имотов, секому на три, на два, на еден не би било исто ни делот, ни целоста ја имаме сите ние со празни раце ништо немаме штом пасијата стане посесија геометриска прогресија - хаос.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Езеро со боја на љубов што треба да се напушти. На ѕидот нема место за неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во мене веќе нема место за ново семе, а за твоите удари имам само скржава смеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си ја замислував дури и изненаденоста на нејзиното лице кога ќе ги забележи моите пораки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак, од потребата за конкретна акција ме одвраќаше помислата дека веќе во идниот момент Катерина ќе ја поткрене главата од перницата (се разбира под претпоставка дека го избрала креветот како место за починка) и ќе ги здогледа книвчињата чијшто број постојано се зголемуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Времето се отвори и на овој бел лист Има уште место за троа ноќ есени И троа месечина од која лисјето вени и паѓа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Колку што е познато само во еден од манифестите Поетот спомнува дека во неговото кнежество нема место за желбите и заповедите на Владарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На селаните место за милост им беше само Бошко Манев, иако сега сите го знаеја дека е само јатак на Лумана и ништо друго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедото Петко, зборувајќи за селото, пренесувајќи поздрави од едни или други, од блиски или далечни, донесе и една приказна за тоа како купил место за нова куќа, го платил местото, а останал и без место и без пари.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таму се уништував, креирав совршено место за нечујно убиство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа е реалноста на животот, партитурата се повторува како пејсаж осипан со оази на привидно блаженство во кое нема место за вистините на срцето, жед за вода во пустина и фатаморгана во која постојат само “вистински лаги”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Против еднонасочниот проток на комерцијални информации, како антипод на суштината на јавниот простор како место за дебата и рационален консензус, културните попречувачи меѓу кои се Billboard Liberation Front, Guerrilla Girls и бројни други уметници, обединети околу списанието „Adbusters“, ја користат субверзивната моќ на ситуационистичкиот détournement, „повторната употреба на веќе постоечки уметнички елементи во нов спој“132.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од друга страна, јавниот простор е нагласено материјален, тој е стварна локација, место „тлото врз кое и од кое тече стварна политичка акција“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Светот создаден од страна на медиумите за Хабермас „само наликува на јавна сфера“106.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
82 Карактеристиките на јавниот простор може да се сумираат на следниот начин: - се дефинира преку процес на исклучување (според раса, род, класа, сексуалност, возраст, попреченост) - структуиран е и ограничен со закон (и сѐ понагласено се регулира и е под полициска контрола) - претставува подрачје за политичко делување (место на протест на работниците, за правата на жените, сексуалните слободи, расната еднаквост) - служи како церемонијална сцена за државата да ја покажува својата моќ - служи како место за собирање, простор за социјализација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Вешто преработениот билборд... го упатува гледачот да размисли за првичната корпоративна стратегија“131, посочува член на бендот Negativland од Сан Франциско, кој прв го измисли изразот „културно попречување“ во 1984 година.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Неговата анализа на историската трансформација на јавната сфера се чини дека премногу е втемелена во песимистичкиот став на Хоркхајмер и Адорно за културната индустрија и нејзиното освојување на јавната сфера и трансформирање во сцена на пасивно консумирање и манипулација, како инструмент за производство на послушност и пасивност, не оставајќи никакво место за прогресивна медиумска политика.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Затоа границите се најдоброто место за сведочење на секојдневните практики на исклучување и вклучување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не одбирам сега место за одење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ми втасува ни времето, ни местото за играње.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледаш дека си згрешила, ама нема место за исправање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги бришат лицата од едни солзи и прават место за други.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во несреќата имало повеќе место за смеење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како може во ниеден да не се најде место за нас?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ни оставија место за сакање, му велам, но Горачинов веќе ми ја затвори устата, не ме остава така да зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја собира и во автомобил кога на празници бараме прикладни места за земуници.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Во широкото срце Дедомразовско има место за секого.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ни праќаат дел од текстот: - Кејот „Сушица“ во центарот на градот, место да биде најуредено место, тој е еден од најголемите жртви на долгогодишната негрижа и ниска еколошка свест на кичевчани - место за депонирање смет на граѓаните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во летните горештини претставува место за освежување, а зиме - кога има магла и смог - велат - Водно е воздушна бања. Погоре се и две детски одморалишта.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По завршувањето на брифирањето, Менсфилд заминал за Дерна во Северна Африка, која била одредена како место за тргнување и за инфилтрирање во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа се случило на 18 август 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таа чинија нашите ја викаа пангар и поради неа целото тоа место за вратата се викаше пангар.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така денес, утре веќе некое друго ќе биде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е мода: го прогласиле „Зизи топ”, за прва лига место за забава и сите млади таму навалуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сѐ на сѐ веќе три пати го посетив Западот. Ми се причини убаво место за живеење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во собата нема подобро место за криење.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Настрана што е одлично место за војување. Сте биле некогаш таму?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)