место (имн.) - да (сврз.)

Не можам место да му пронајдам. Во долапот ќе го сокријам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што е најчудно, наместо да побрзам и да излезам онака на отворено, кон Клубот на пратениците, јас стојам на најпогодното место да ме начекаат. Како да си го барам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И како можат сите оние луѓе онака по местата да им веруваат дека навистина преку овие црни водје има некакви мостови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тука е најзгодно местото да ја види, мирно е местото, уличката одвај се провира покрај рекчето, тука таа минеше секиден пролетоска со својата другарка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еве неколку дена кај се турка по возеви, преполнети да не можеш место да најдеш, застанат повеќето во коридорите, каде што се молкнат со карање луѓе, слегувајќи и качувајќи се меѓу куфери.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Мискин - викаше стражарот - тука си нашол место да учиш! Ќе ти покажам јас што е наука!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За Ботеро, сѐ „има место да постои“, фалшивата затвореност треба да се предаде, да се отвори; потребно е таа да се покори и да ја презеде формата затоа што, како што велеше Монтењ, ние немаме „никаква врска со битието“ и, значи, можеме да го насликаме само „пасажот“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како Султанот на Шехерезада, СНН ќе обезбеди оправдување на едно место да се собере разновидна збирка од анегдоти, факти, апокрифи, фикции, визуелни, музички и аудио фрагменти, непотполни проекти, недовршени филмови, моментни грижи и намери.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние сме свикнале да го гледаме просторот поаѓајќи од нас самите, од нашиот внатрешен свет, од нашата невистинита длабочина; ние сокриваме, ние маскираме, ние лажеме затоа што сакаме да ги притаиме нашите чувства, сокривајќи се во аголот на итрата непристапност; сето она што е прифатено да се нарекува психологија, сето она што „нема место да постои“ во социјалниот свет, околу што се кодира и се формира нашето „јас“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нам не ни допушта местово да ги изредиме сите ваши филолошки и етногравски блујаници, со кои обилуваше вашата статија, и сите гнасотии и клевети што ги упативте не само на егзархијата туку и на сиот бугарски народ и да ви покажеме кој пцуел вие или ние.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога Васил ги наредува камењата на ќошевите на раздиплената тутурка и кога тој седнува на тревата покрај неа, Максим се исправа на столчето; исправен така на столчето на другите им прави место да можат да се доберат над раздиплената тутурка и да ја разгледаат одблизу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На мое место да беше друг ќе помислеше дека е тоа сениште, та или ќе побегнеше или ќе му ја залепеше секирата на тилот. Јас не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас не можам да го допуштам последново и го сметам навредливо за мене, ете зошто и не се откажувам на прво место да си изработам свој самостоен поглед врз прашањето за мојата народност и врз онаа на моите сонародници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Крај езерото каде што просторот е тесен, куќите се стиснале, се надјавнале една над друга, се туркале меѓу себе која подобро место да заземе, која понапред да излезе за да има што подобар поглед на езерото; другите се распрснале по околните места како солзи господови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
МЛАДИЧОТ: Вие сношти ништо не рековте за тоа како ќе се повлекуваме од местото на акцијата? Или оставивте на самото место да се здоговориме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега беше среќен со тоа што е толку добро сместен, а тука беше и неговата долга пушка, чии што метални делови му се впиваа врашки во јаболкцата од неговите прсти, но со која што тој можеше од своето место да ракува многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа траеше еден век, а за тоа време не постоеше повеќе ништо друго, освен оние рапави, скокоткави допири, пред кои тој еднаш можеше само да ја повлече едната, а на нејзиното место да ја подаде другата рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Возбудени, скоро уплашени, се шуткаа и бараа место да се нурнат во мракот под скалите, зафрлените ќошиња, и таму да се ослободат од кошмарот што го гонеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Може никогаш суво место да не најдат, вели, и си ги забришува солзите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакам да потрчам, да го припрашам уште нешто, уште колку време ќе служи војска да го прашам, ама не можам да пречекорам, од место да се помрднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа паднал преку мртвиот и го продолжил својот нов занает со заби, на кучешки начин кинејќи ја 'рскавицата на гркланот додека крвта од она место кај што му било увото се мешала со нешто потемната крв на проклетиот татко, неколку години потем на тоа место да не никне ни најдива тревка...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најстариот, оној што на пат носел остар наџак, рекол дека проказата ќе го изеде сето живо месо во селото. Не помагале ни молитви ни лекувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Удирал и ја дробел крцкавоста на главата што ненадејно брзо станувала безобличност на искинато месо, на крв и на ситни ковчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога еднаш ѝ наговестила дека нејзиниот сопствен брак е несреќен, таа отворено ѝ предложила сопругот да го чува за издржување, а на друго место да бара страст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Силно возбуден близу претпоставениот гроб со посмртните остатоци на легендарниот херој на Картагина, врховниот борец возбудено молчеше, а потоа силно се расплака. Размислуваше така речиси еден час.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турците му предложија, наместо да му ги отстапат посмртните останки на Ханибал, на истото место да се изгради голем мавзолеј, кој би сведочел против римскиот империјализам, но во исто време би бил паметник на турско-туниското пријателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле вратата попушти, се отвори. Немаше место да влезат двајцата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вистина е дека јас отидов на местото да видам дали навистина таму има коски како што тврдел Симон.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А? Мислиш дека овде е местото да се каже тоа?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Си велев: Можеби е прениско да се почне од ова место да се префрла грутка по грутка цветови, стебла, ѕверови за да се мине Планината.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Третиот беше згодно место да се потанцува, ако така се чувствуваш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Курсистите ни прават место да седнеме. Нѐ гледаат како да сме учители, како да сме ангели спасители.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа никогаш не може да се скраси, на едно место да застане: се мрешка, се мешколи, потфрла бранчиња и го подлижува брегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ напикаа во една соба: да нема место да се протегнеш, ногата да си ја исправиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако лажам, вели, одовде да не се поместам, место да не ми најде душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама ако не те сака смртта, што се вели, ќе ти направи место да се разминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука се наоѓало селото Горно Водно, точно тука било сретсело со чешма со шест шопури, а над неа голем чинар... селото го нема, чинарот го нема, од шесте шопури не тече вода, ама останало местото да се вика - Шесте чешми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Бидете мирни - рече Даскалот. – Мирни и никој од местото да не сте мрднале. - рече и отиде кај вратата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И му рекол: „Внимавај осум ти давам и осум сакам на место да отераш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)