метро (имн.) - потаму (прил.)

Само по три работи се разликуваат: во Потковицата никогаш не се дозна кој го уби Јована Дамчески, додека за Видана и за Ристана Голушкоска Гојдарката се знае - ги уби син ѝ на Ристана Димко Силистарко.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И двете во ист час, во исто време и на исто место завршуваат: на зајдисонце, во време вршење, на Зедница, на Бел Камен, стотина метра потаму од јужниот ѕид на имотот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стотина метра потаму од јужниот ѕид на Имотот, на падините на Зедница, точно по средината на Градишки Пат има еден неголем бел камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)