механизам (имн.) - кој (зам.)

Со хомофоно читање од “souffleur de serre chaude”, што по мое мислење претставува само уште еден доказ за тајниот механизам кој “Големото стакло” го толкува како алхемиско возвишување: “La mariee mise a nu”, “La Mariee est mise a nue”, “par ses celibataries”, “par ses celi-batteurs”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Набргу се откри дека тоа не било митско млеко, како од жртвувани заѕидани мајки, со отвори за градите за доенчињата, како во многу балкански легенди, туку краеви на цевките на механизми кои го дотураа насобраното млеко од козите заробени во утробата на Тврдината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во него беше вграден делот на големиот идеолошки-партиски-полициски механизам кој примаше инструкции од Централата во кој се разработуваа сите мои реакции при допирите со луѓето и земјата, па се испраќаа прецизни директиви.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мистериозниот рецепционер Р.Р., беше на врвот од тајниот полициски механизам кој бил инсталиран во хотелот и кој требаше совршено да функционира.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Хејс: Не се согласувам. Почитувањето на едно множество правила не прави од некого механизам кој извршува една програма.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Блок: Пат, да решиш буквално почитуваш едно множество од правила е еден начин да се стане механизам кој е во состојба во која тој е предизвикан да ги „почитува” правилата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Уживањето во каламбури и игри на зборови со двојни и тројни значења и воопшто во енигмата, воведе интерпретирачки механизам кој своите извори ги лоцираше во најодалечените локации - средновековната алхемија, или во таканаречената Кабала или во класична Грција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа беше негов главен вектор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оттаму и потиснувањето и сите други механизми кои ја вообличуваат и припитомуваат сексуалната желба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од економска гледна точка, границите овозможуваат меѓународна поделба на трудот на глобално ниво, т.е. тие се механизам кој се користи да се регулира глобалната распределеност на производните фактори, на тој начин намерно зголемувајќи ја и зајакнувајќи ја економската нееднаквост.35 Тие создаваат разлика во понудата и во квалитетот на факторите на производството.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)