меч (имн.) - во (предл.)

Дали некогаш си ја ставил сржта на мечот во рерната на својата сакана? LA MOELLE обично е дел од идиомот moelle d’epine (коскена срж”), што звучи слично како и MOELLE DE L’EPEE. LA MOELLE (“срж, јадро”), центар, нешто суштинско, главна преокупација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Дали некогаш си го ставил пенисот на мечот во затоплената вагина на својата сакана?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секој веќе има раскрварен меч во раката и мафта со него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе дуваат тие црвени ветрови, ќе шептат ѕвездите, сè дури не ги расковете своите мечови во рала И копјата свои во српови
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
2. Ги построи своите војници – штитови посјајни од оган, мечови што болскаа наспроти морето, им го раздели сето богатство на Македонија, го зеде мечот во десната, левата ја крена кон небото и тргна во походи.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И дали си придонела за распаѓањето на твоето гнездо со тоа што си летала како ластовица од работа дома и обратно, а секогаш во клунот си носела црви за пилците и за боксерот мочко (вечниот победник во мечевите во рингот без јажиња).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Светиот Архангел Михаил беше насликан со хартија во левата рака, ама со меч во десната, и тој пусти меч некако го разбуди ибн Бајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го имав татковиот штит, но немав никаков меч во неизвесните налети на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па си зеде мечот в раце се истрча во поле да си шета лутината збрана в гради да ја отфрли сакаше сета.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Му реков, „руски човече врати го мечот во канијата, ти умееш со ременот како јас со чашката“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Краток меч во цврста рака спружен напред!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
На ѕидот останува само Свети Аранѓел со мечот во раката. Нѐ гледа од ѕидот и не се помрднува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На крајот, едниот го втурна мечот во огнот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)