миг (имн.) - си (зам.)

На патот во автобусот си размислував колку лесно го мавнав животот, во темница, полузаспана и како на јаве гледав: на мојот иден живот вратата му се отвора црна, соба темна без прозорци, од никаде нема зрак од сонце и си помислив, тука ќе ги одгледувам моите цветови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Непромислено влегов во стапица, за еден миг си го згазив планот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Обредот го следев со силна возбуда; во еден миг си помислив: „Навистина, каква врска има џезот со ова?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Винстон за миг си замисли како да збива крамп сред тоа лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)