миг (имн.) - со (предл.)

Се к`ти сивата карпа на затворениот говор на времето Се дени и песната што да се роди ја навестува заради која отаде ѕидот се оди на невозможното постоење За одење е време На надеж миг со славејот в грло што сака да проговори таму слушнат каде ќе биде од тие со насмевката лицето што им го огрева Најпосле
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Како и да е, таа случка на разбојот беше многу непријатна; најверојатно (оти не го имам читано дневникот на Лудвик), тој си замислил дека со тоа што го прегрнав при доскокот (го гушнав, затоа што во суштина ми беше многу жал за него, оти беше подготвен на најниски понижувања, само за да биде еден миг со мене), негувам некои длабоки чувства кон него. Но, тогаш не беше така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Посакувам да застанам под твојот прозорец, за да ја слушнам мелодијата на твојата душа, но секогаш кај тебе, таа граница меѓу разумот и срцето.. таму почнува и завршува сѐ... а толку ми е потребно да бидам, по малку луда и насмеана, по малку разиграна и заљубена... по малку дива и полна со живот... потреба да се изживее мигот со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Алајко и Мире застанаа скаменети. Слушаа и во миг со гордост, ги стегнаа десните раце во тупаници, ги кренаа на челото како поздрав, небаре ја слушнаа државната химна или звуците на Интернационалата...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можеби ти имаш многу вакви мигови.. но јас само го чекам мигот со тебе... за жед на срцето за возбуда... на телото за треперење... на животот живост..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Мигот со тебе И повторно талкам во овие доцни часови до твојот ум, и никако да сфатам дека и да стигнам таму, ти пак ќе ме болиш...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)