миг (имн.) - кога (прил.)

Во мигот кога не сме задоволни од сегашноста, кога нашето небо облаците ќе го затскријат, ние ги затвараме очите, за да ни се разоткријат ѕвездите скриени позади нив!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако постои рајот, тој беше тука, ние бевме во него, во миговите кога ја гледавме мајка ми жива, со новата рожба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Утрото ја најдов книгата до креветот, сум ја турнал во мигот кога ме навалил сонот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во мигот кога заѕвони со Дејко срипавме: „Имаме црно кутре... сосем црно кутре!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А вака мораш да внимаваш, а мислата ти бега кај црното кутренце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Часот се издолжи. Барем во лекцијата да имаше нешто во врска со куче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Канделабрите се угаснаа. Полноќ. Миг кога нараснуваат желби, копнежи, мечти. Пак се запалија. Нова година!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А тој уште од оној миг кога за првпат го слушна името на девојчето, почна во своите мисли да го изградува и нејзиниот лик: „Би морала да личи на татка си, височка е значи, има дупчиња на образите, крупни црни очи, црна коса што слободно ѝ паѓа врз белото чело...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
2 О ти оставаш да зборувам за љубовта како што верувам а тоа е сепак повеќе одошто умеам Оставаш да го возобновувам мигот кога излегуваш од својата насмевка и остануваш толку осамена што бршленот почнува да живее на твоите глуждови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во мигот кога невестата ќе го пречекори долниот бабар, гатачот го удира со стап и извикува: „Виде јајце в камара, ти се стори пладнина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во мигот кога заглушувачката врева ќе ја достигне својата кулминација и ќе стане неподнослива, гатачот го повикува домаќинот да ја отвори вратата: Отвори бре домаќине, запали кира борина, врзи си гаќи в темнина да видиш лика и прилика да видиш наша невеста, како лепетит, како треперит, како полска пеперутка, како прилепска мандулка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби можеме тоа да го замериме. Но, мораме да си бидеме на чисто дека популарната култура не убива и не спасува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Самиот секако не би можел да ⥊ припишам толку големи и толку одлучувачки потенцијали.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ЗАКЛУЧОК Во миговите кога општествените граници се мошне реални и кога различните расистички демагози се загрижени да не ги пречекорат разни неповикани раселени и економски затирани индивидуи, се чини популарната култура со своето имагинарно пречекорување на границите како некаква лажна компензација, утеха.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како што тргнала работата, не ни останува ништо друго освен да го чекаме мигот кога тие, од некоја цврсто стокмена сцена, ќе лиферуваат лозунг: „На Македонците им е доста од седумтте уметности, сега ќе треба да се свртат кон онаа што ја прават политичките партии.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се сеќавам, на крајот од претстава што беше дел од содржината на еден театарски фестивал, актерот што седеше до мене во публиката, изреагира бурно токму во мигот кога еден од актерите наредени на сцената како пред стрелачки вод, почна да аплаудира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Субјектот кој го набљудува светот во мигот кога создава слика за истиот, се впушта во процес на креација.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се сеќавам на мигот кога за прв пат во Штипскиот театар влезе хрватскиот режисер Иван Лео Лемо.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се сеќаваше и на мигот кога успеа да го исвири првиот акорд што личеше на некоја од песните што ги слушаше во тоа време, но не можеше да се сети дали беше „Два динара, друже“ или „Лутка са насловне стране“ (како само вкусот се менува со годините, оти сега никој не можеше да го натера да слуша Рибља чорба).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Не го кажувај ова два пати. Лудиот камен може да те сопне во мигот кога најмалку се надеваш. - ѝ одврати Виктор со својот широк насмев зад кој се криеше никулец симпатија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од нив сега наеднаш беше исчезнато сѐ друго, беше еден судбински миг кога беа само со овој човек пред себе и тоа беше едно такво чувство, цело, како јаболко, а беше и некаква измореност, која израснува во задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Залижав со јазикот во вдлабнатината меѓу двете гради, но во мигот кога сакав да се придвижам нагоре, до вратот кој благо беше извиен над мене, Ема ја крена главата и, кикотејќи се, повторно ми ја наполни устата со брадавицата на десната цицка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Затоа го сметав за необично совпаѓање мигот кога вратата одеднаш се отвори и во собата се појави нашиот стар познајник, господинот Г., префект на париската полиција.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Шеташе со очите низ неа и се загледуваше во цвеќињата и дрвјата, во прекрасната глетка, како господ во мигот кога си го создал светот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во мигот кога започнав да го читам писмото шифрантот на амбасадата Петар Иваз ми ја донесе фасциклата со дешифрираните телеграми кои стигнуваа од централата, а кои морав да ги прочитам во негово присуство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ракописот беше убав, неизменет уште од времето кога како дете сираче, останата без мајка, еден период живееше кај својот вујко во Солун, учеше кај солунските лазаристи француско училиште.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во миговите кога ја минував линијата на границата, меѓу двете држави, но кои делеа и ист народ, имав чувство дека, дефинитивно, останувам посиромашен за најголемата илузија со која Татко а, подоцна, и Мајка, живееја до нивното заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знам дека сите во семејството најчесто ја сонуваме границата, миговите кога спасоносно ја минувавме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, како што одминуваа годините на мојот живот, Мајка ми беше сѐ поблиску, сѐ до миговите кога средбата со неа се преточи во оваа книга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во миговите кога ја дочитував збирката песни на еден провансалски поет, запомнувајќи ги стиховите – во Арл кога сенката поруменува, под ружите и свети времето, внимавај на благоста околу тебе – вниманието ми го привлече текстот „Папата Јован Павле II ја осветува Катедралата во Скадар”, во отворениот дневник Ле Монд, од 23 април 1993 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не само за тие мигови кога тетка Перса сочувствуваше со нејзината судбина, со нивната судбина, туку токму поради нејзината добрина Пелагија знаеше дека ќе мора да се отвори пред тетка Перса, ќе мора уште еднаш да го преживува она што го има преживеано.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија и Перса, секоја на свој начин, ја подготвуваа за есенскиот миг кога требаше да ја однесат во училиштето Браќа Миладиновци за да ја запишат во прво одделение.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)