миг (имн.) - потоа (прил.)

Над Сињачка побелува небото и само миг потоа врвца од сончев зрак се шири од горе надолу и нежно јa допира земјата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Миг потоа Томо од џебот ја извади млечната кремаста чоколада на која со големи букви пишуваше „Само ти“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Логотетот погледна изненадено во отец Пелазгиј, а на овој му се смрзна насмевката на устата, и веќе миг потоа отец Пелазгиј ги триеше сервилно рацете пред логотетот и мрмореше: „Убава парабола кажа Филозофот, логотету.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Караман, Стрела, кути, кути, нааа! - викна момченцето, а за миг потоа се разнесе негде зад плевната весело квичење и две топчести, рунтави суштества, едното бело, другото сиво, се свалкаа кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Над Прењес почнува делникот обременет со чемерот на испадените, раскуќените, раздојдените, разнебитените и размеѓените...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Над ридот, зад кој ги снема камионите, сивата боја на небото премина во белузлава и полека почна да се заруменува и, само миг потоа, Прењес го облеа црвенило.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еден миг потоа, минувајќи по пустинската патека, чу како некој го вика и повторно и повторно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еден миг потоа се зачу шепот од воздушната цевка. 70
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еден миг потоа веќе беше вратена.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)