милион (имн.) - година (имн.)

Летово со Консуело, кој е од околината на Макондо, на патување од Албанија минавме во Македонија преку границата близу Охридското Езеро кое е старо три милиони години и е многу длабоко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Паулина Вилк, полски книжевен критичар Со милиони години јагулата пливала од Караибите до Медитеранот, продолжувала до Јадранското Море, па преку реката Дрим директно до Охридското Езеро.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Преживувањето на човековите суштества со стотици милиони години било зависно само од спо­собноста за гледање и движење во физичкиот свет, и во таа натпреварувачка ситуа­ција голем дел од нашиот мозок ефикасно се организирал за извршување на таа задача.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во таа смисла тој пишува за „нерамнотежа помеѓу програмите што мислат и програмите што осознаваат и се активни во реалниот свет”, тоа изненадувачко сознание го внесува во историскиот развој на темелните човекови способности: „Изгледа како да е - видено апсолутно - мислењето полесно од сетилното осознавање и делувањето - поглед што можеме да го објасниме во рамките на еволуцијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сонцето се движи околу центарот на Галактиката еднаш за околу 250 милиони години.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Галактиката е ѕвезден систем составен од над двесте милијарди ѕвезди.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Сонцето е ѕвезда во гасовита состојба и има своја топлина и светлина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Всушност, зелениот дијамант потекнува од непознати космички далечини од каде што паднал на планетава пред неколку десетици милиони години, многу пред да се појави човекот на земјата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ние, се разбира, ја забрзуваме еволуцијата и се обидуваме за еден месец да го постигнеме она што се случувало во последниве три или четири милиони години.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можеби, можеби по милион години од него ќе се развие огромно дрво што ќе дава прекрасни плодови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пиев од езерото старо милиони години колку за еден век.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мачорот повторно испушти тажно мјаукање, полно со чудење што доаѓаше од некоја забавена лутина, што избиваше длабоко од него, каде што припитомувањето сѐ уште не беше допрело, а можеби ни по милион години нема да допре дотаму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој миг да ни кажеше некој дека тоа е нашиот последен миг на земјата, а дека потоа зад нас нема да остане никаква трага, тоа немаше да нѐ оттргне од нашиот занес, затоа што верувавме дека она што е меѓу нас, она што од нас двајцата прави едно, е вечно, и дека, ако ни биде одземена материјата, сепак ќе продолжиме онаму каде што силите на природата и законите на трошноста и минливоста немаат моќ, и каде што човечката душа е посилна од сите небесни тела, затоа што тие се осудени еден ден, милиони години по својата креација, да згинат, а она парче душа во кое се вткаени нашиот занес и копнеж ќе трае и кога од сета материја на универзумот нема да остане ниту прашинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајко божја, ми се чини дека пред милион години сум била дете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку долго постои тој? Со милиони години Земјата била ненаселена.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А биохемиските експерименти на имунолошките реакции како и анализата на низовите на аминокиселините кај животните - јасно докажуваат дека најблиска сродност човекот има со шимпанзото и горилото од кои пред четири милиони години се разделиле и тргнале по свои патишта на развој.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Црн лебед „Признајте: имате чувство на нелагодност кога ќе ме здогледате необичен, што од убост, што од суета од таа метафизика на спиралата нотниот клуч, змијата - мене, бесрамно бел - порив кон сакралното неутешна жед за созерцание - езеро милиони години сѐ тука, сѐ внатре во времето, неизглаголена глоса искубан крик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тешко се копаат канали. Реката со милиони години си го длаби својот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пред сè, другари, ние сме одговорни пред историјата и географијата на нашата планета, да не бидеме виновни за запирање на, со милиони години, стариот пат на јагулите од овие благи езерски води, до морињата, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така било со стотици, илјади, милиони години, уште од прачовечката епоха.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како што е од Бога дадено, пред милиони години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се чинеше дека беа самите подвижни корени на Езерото, на самиот живот во него, зачнат уште пред милиони години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во музејската поставка беа фиксирани милиони години живот на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Јагулата, - зборуваше Горски, според проценките на палеонтолозите на планетата Земја, за прв пат се појавува пред сто и повеќе милиони години, од времето кога на земјата шетале диносаурусите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Езерото, еден од најстарите резервоари на светот со слатка вода, покрај Бајкалското Езеро и езерото Титикака, може да се смета и за меморија на планетата, за него денес може да се зборува како за „музеј на живи фосили”: не помалку од двесте ендемски фосили живеат во него, меѓу кои и пастрмките летница и белвица, еден вид уникатен полжав, кој се верува дека е стар триесет милиони години, но исто така и сунѓери што не се среќаваат на друго место во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потем за пеперутките, за кои ни ги потроши сите шпенагли, за сунѓериштето од Езерото, кое ти било старо милион години. Трици, можело да биде толку старо! Ќе ми правеле музеј од сето тоа!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сакаше Игор Лозински на ова Езеро континуитетот да биде покажан барем за стотина, илјада, милион години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да не прекинуваме еден чудесен континуитет на животот со милиони години остваруван, ние кутрите луѓе, со толку прекини во нашето минато, одвоени од Европа со векови...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И сал едноличен шум на стреата како од искони и еден убав мир како пред моите милиони години во библиските шуми додека врне дожд додека чади тревата додека дишам.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Милиони години ние се боревме против гравитацијата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мислам, затоа што на часовите по биологија ни зборуваа за едноклеточните животни како, на пример, амебите пред милиони години.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сè што постои, што постоело милиони години, има право да постои и понатаму.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Осаменоста - товар што го носеше со себе илјадници, милиони години, без да може да се ослободи од него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Очите му беа сини, длабоки и продорни, а погледот му стасуваше илјадници, милиони години во минатото и исто толку во иднината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ни самиот не знаеше колку милиони години е стар, но него тоа не го радуваше. Напротив...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)