милион (имн.) - и (сврз.)

Мостовите ги градевме со делкан камен; и сега во ушиве уште ми одѕвонува глетото и чеканот кој милиони и милиони пати ќе чукнеше додека еден мост направевме; еве и прстиве од левата рака ми останаа манливи, ми останаа собрани од држење на глетото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Милиони и милиони луѓе секојдневно стануваат и го заземаат своето место како шрафови во тој огромен механизам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога пловиме по океанот, или кога предвидуваме затемнување, ние често сметаме дека е згодно да претпоставиме дека Земјата се врти околу Сонцето и дека ѕвездите се оддалечени милиони и милиони километри. Па што дека?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дневно се продаваат милион до милион и пол карнети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имаме милиони и милиони трудбеници готови да се жртвуваат за големите дела, но сигурно ќе имаме и многу непријатели, саботери на нашиот пат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Парадоксот беше во тоа: тие, надвор од циркусот имаа сѐ, ја имаа целата планета, милиони и милиони квадратни километри; ние, во циркусот имавме круг со радиус од одвај дваесет метри, а сепак го имавме целиот свет (сум пресметал дека, според формулата πr2, тоа е само површина од 1256м2.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)