милијарда (имн.) - година (имн.)

А таа, произволно пројавена пред милијарди години, развиена, од ентропија, на површината од земјата, е составена од ситни капки, секоја со генетска информација енкодирана во сопствените комплексни молекули а и ние самите сме израстоци од таа биомаса.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Вѕирајќи се низ прозорците надвор, следејќи ги промените во природата, гаснењето и обновувањето, на Мил мислите му шетаат многу назад во времето пред неколку милијарди години кога земјата била пуста безживотна планета: ги гледа во мислите вулканите кои исфрлуваат лава на сите страни распрскувајќи ја како огномет, како некое славје, како некоја радост што таа вжарена магма започнува да ја создава првата жива клетка, првата жива материја на земјата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тие се наде­ваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Органски молекул во лабораторија не може да се создаде, не можеш ти за кусо време да го создадеш она за што на природата ѝ требало милијарда години, му велеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Милијарда години гравитацијата нѐ задржуваше дома, подбивајќи се со нас, со ветриштата и облаците, со губарите и скакулците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
27 Јас сум стар милијарда години, си рече себеси; јас сум една минута стар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)