милост (имн.) - нема (гл.)

Откоа го ислуша воло овчаро, се позамисли малце и му рече: - Доколку што ми ваќа умо мој, овчарко, ќе ве пресудам, ама ат'р да не ти остани: вие луѓето ич чоештина немате, у вас милос нема, ни на ѕвероите, ни на гадоите; исав у вас нема.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со време, за сите различно животот ќе се претвори во складиште на отсуства: без зуење, без зборење, без пискот нема пожар, нема татко нема семејни пријатели нема гости, нема милост нема иднина нема држава, нема ништо нема како што познаваш... нема, без, нема без ... Твојот живот ќе биде пополнета празнина.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Наши бегови и аги без закон удираат по усти гладни, арач, како водух трошка од душите земаат, милост немаат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Милост нема за зборови вистинити, на таков нелик што да му дадеш, простување, друг образ, воздишка.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)