мина (имн.) - со (предл.)

- Ме чека друштвото. Одиме вечер на забава, - и мина со прсти низ косата, која убаво му паѓаше врз челото, а од страните му беше залепена од желето што го употребил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Татко сета ноќ ја мина со книгите. Мајка тоа го толкуваше како среќа која, потоа, ќе се пренесе на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Стариот мина со крупни чекори преку бавчата, не гледајќи каде гази, но сепак, тихо, како да ѝ се прикрадува со зла намера на куќата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)