министер (имн.) - во (предл.)

Љубезниот Хардиг Карел ме водеше од еден до друг експонат, ме вовлекуваше во животот на Гете, ми ги покажуваше првите примероци на „Фауст“, оригиналните манускрипти на Гете, некои негови писма до татко му, до неговиот секретар, додека бил министер во Вајмар и, така, неусетно ми се употполнуваше претставата за животот и делото на големиот Гете...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На крајот од истражувањето и анализите, американските аналитичари ќе истакнат дека "една работа е јасна: идејата на федерализам има многу поголема поддршка отколку идејата за централизам.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Главни личности на оваа контрареволуционерна “партија“ биле: Васил К'нчов, началник во Училишниот оддел при Егзархијата во Цариград, М.К. Сарафов, директор на двете егзархиски гимназии во Солун, инаку бивш министер во бугарската влада, Иван Гарванов, професор во Егзархиската гимназија во Солун, и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беше еден од незаборавните министри во Сојузното министерство за надворешни работи, каде со почит и восхит зборуваа за него од вратарите до високите функционери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Македонската територија и македонскиот народ се, како што истакнува Сретен Жујовиќ-Црни (министер во владата на Тито), важен дел од народноослободителното движење на Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првин поранешниот министер во владата, врз малцинска основа, Мустафа С., му рече дискретно на Татко: Ме повика водачот на Републиката, пред некој ден, да ме праша дали познавам некого кој го владее старото турско писмо, арапската османица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)