минута (имн.) - во (предл.)

Па затоа се задржа уште неколку минути во разговор со старецот, чие име, како што откри, не беше Викс - што можеше да се заклучи од натписот над продавницата - туку Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тој процес продолжува од ден во ден, и од минута во минута.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Минатото се исправаше од ден во ден, и речиси од минута во минута.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од година во година и од минута во минута, сите и сѐ одеше брзо нагоре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Редимејд-от мораше да биде „создаден за утре..., најважен ќе биде карактерот на механизмот на часовникот, како и временскоста“, како настан кој е датиран и кој се доведува во врска: „да се запише таа дата, часот и минутата во редимејд-от како информација“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Френк чекаше цела минута во напната тишина и потоа рече, „Зар не мислиш така, татко?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како некој воајер се приближив по ходникот до двете жени што пискаа, мајка и ќерка на човекот што го хоспитализирале пред некоја минута во приемната амбуланта, а дежурниот лекар само што им рекол дека починал.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По неколку минути во дворот влезе Васе со писменце во раката, гледајќи ја Томаица молкум.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се сетив и на оној син коверт што го бараше цели пет минути во текот на нашиот разговор префрлајќи некои списи од рака в рака, само за да ми го покажал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А се разбира, кога го пронајде, не прочита ниту ред.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кучето го смени своето поведение однесувајќи се како да применува своевиден ритуал наменет на минутите во кои стариот професор се готвеше да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)