минута (имн.) - или (сврз.)

Кога Чарли го донесе двомесечното маче во куќата на Адамови и го остави на подот во дневната соба, малото купче од ангорско крзно цела минута или две остана неподвижно, освен двете златнозелени очи што се движеа од еден човек до друг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие минута или две yвонење, сигурен сум, за многу години ми го скратија животот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)