миризба (имн.) - и (сврз.)

Можеби се обидуваше да го замисли тој град, со тие миризби и смрдеи, но тешко можеше тоа, зашто никогаш и не беше пошол во вистински град, во таков град каков што го кажуваше Кирил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ остана вон овој задимен простор, густо наситен со миризби и звуци... Сѐ - освен заборавот. И урнатите стеги на желбите и страстите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше и самиот празен и празно тонеше во млаката празна сонливост без миризба и без убавина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
25 но ти не се враќаш само јас се играм и во занес, и во очај зашто ништо нема моќ нема такво време ни таков живот обнова нема близина блага ни блаженство зашто далеку одовде ги нема милите предмети нема реки ни планини нема езера ни миризби и кајшто ги има зашто сѐ е црвен кантарион отсега па натаму лековита но горчлива пресеклива трева, жива лава и сѐ е грешка и нема помирување и другото е друго, трето и сѐ се брои а ти си единствена, неделлива грутка, Младост и мака и мак, и зрнце царевка царска приказна полна пресврти и препознавања делби и разделби неразрешливи заплети - и душата ти е водена низ мрак од незнаење кон знаење, трагично, Аристотеле – зашто некој ја негува уметноста на фугата бегството, селидбата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Многу години по Мајкиното заминување засекогаш, со што заврши семејниот егзил на Земјата, си поставив задача, низ пишувањето, низ предизвиците на сеќавањето, низ малкуте преостанати Мајкини зборови во мене, низ задржаните чувства, миризби и вкусови, поговорки, премолчувања и низ универзалната Мајкина тишина, да се доближам до вистинските причини за нејзините ретки и задржани солзи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)