мисла (имн.) - бев (гл.)

Но веќе во четвртата деценија на дваесеттиот век, сите главни струи на политичката мисла беа авторитарни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Континенталната мисла беше и продолжува да е богат извор за сегашното феминистичко теоретизирање; токму проблемот со „ние“ може да го наруши Холандиното барање континенталната мисла да ја игра улогата на философско сидро, повеќе отколку што таа претпоставува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Татковата библиотека беше и лавиринт. Во неа различни текови од западната и источната мисла беа незамисливо измешани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во заднината на неговата мисла беше свесен за тоа што го стори и зошто го стори.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тромав од горештина, некако сакато куцајќи, денот појде кон сонцето. Го снема. Се нурна во западнато руменило.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оваа мисла беше див рев.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Иако Гутов ни одблизу не е секташ или изолационист, марксистичката мисла е вредна по тоа што таа школа на европската мисла беше единствена за Русија во 20 век.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие мисли беа слаби да им зададат некаков страв на властодршците од големата и силна Отоманска Империја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го повторуваше многупати во животот зборот амбасадор, во различни ситуации, кога историјата се закануваше, а нејзините мисли беа упатени кон Истанбул.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само таа мисла беше во мене, Кејтен е во подрумот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А мислата беше да се замине, само да се замине.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)