мисла (имн.) - го (зам.)

Но баш таа мисла го свестува, и му станува јасно: ова го имаат скроено Гога и неговиот другар, ја наговориле да се нашегуваат страшно со него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но мислата го свртува на друго: Сотка ѝ е внуче на Спасија, близок род се, како ќе му објаснува зошто му е нужна сликата, нели секоја лага ќе биде плитка и жалосна, и тој само ќе се изложи на подбив пред него, ако не и на опасност да разбере прва жена му за сето тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа мисла го грабна, мачна и слатка во истото време.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неговите мисли го враќаат назад, во неговите млади години, во други светови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега знаеше дека цели седум години Полицијата на мислите го посматрала како бубалка под лупа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби она лудачко поместување во умот навистина може да се случи: таа мисла го порази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во своите полубудни мисли го нарекуваше Златната земја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во такви морбидни и мрачни мисли го дочека будењето на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа би можело да укаже на фактот дека Ергенот е одраз на Невестата во огледало (и обратно) - што веќе беше споменато во врска со Големото стакло: Областа на Невестата е одраз во огледало на областа на Ергенот (или обратно).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уште еднаш, монистичкиот образец на алхемиската мисла го обликува естетскиот образец на Duchamp-овиот симболизам: Девојчето едновремено е и Аполинер и Сузан и Марсел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој во својата задлабочена филозофска мисла го разбираше трагизмот на својот народ кој стануваше заробен во самиот себе, немоќен да се ослободи од другите, да се прелева во големи делови во нив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Една ненадејна мисла го оживеа Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Насоката на мислите го менува правецот. Се испреплетува и половиот однос.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секое утро мислата го поздравуваше новиот работен ден со „Е стварно го претераа, ќе им се качам горе да се разбереме на што личи ваквото однесување во една реномирана и културна установа каква што е нашава.”
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Талкач во мојата непроодна душа Си Ти Незгаслива жега, пеколна суша Си Ти Како солзи што в грло ме гушат Си Ти Како цвет на крајпатна дива круша Си Ти Како тихо ехо што в мисли го слушам Како вител спомени што ме рушат Граблива птицо плашливо молам – твојте номадски крилја ги свиј! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мехмед се занесуваше со мисла да создаде српско муслиманско царство во Европа и таа мисла го гонеше да им го наметнува исламот на сите Срби што ги покоруваше, но знаејќи го верскиот фанатизам во негово време, работеше претпазливо да не ги оттуѓи со тоа оние што не би го примиле исламот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И покрај тешкотијата да се мисли оваа “нечујна” мисла, Дерида ни дава извесни вредни упатства за начинот на кој може да му се пријде на “концептот” на разбирањето на една неслушната мисла: Можеби ние мора да се обидеме да го мислиме ова неслушнато-на мислата, ова тивко оставање на траги: затоа што историјата на Битието, чија мисла го вклучува Грчко-Западниот логос онака како што е продуциран via онтолошката разлика, не е ништо друго туку една епоха на diapherein. ...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Такви мисли го обземаа партискиот секретар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од друга страна, во тој ред на мисли го расколебуваше ситуацијата дека во државата имаше повеќе републики и ништо оттука не беше јасно!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Замрзна седефот, зашто во мислите го врзуваше со некаква студена пустош и осаменост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Однекаде во него се зацврсти оваа мисла: секое човечко дело и секој збор можат да донесат зло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во мислите го проколнува своето остро ноже. А тоа ни најмалку не е виновно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)