мисла (имн.) - ме (зам.)

Семожни мисли ме обземаа, ме мачеа во трошките сон што ми преостанаа, ако не знаев дека сум ги преспал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
КОСТАДИН: Една мисла ме мачи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе помине. И сам си велам, ќе помине. Ама вера не ми се фаќа...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Оваа мисла ме орасположува и ми ја стивнува лутината спрема непедантноста и бучноста на брат ми и мешањето на татко ми во „нашата работа“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа мисла ме направи да летам од радост, небаре конечно сум дознала за која среда станува збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше убаво тоа чувство – да се има нешто свое, сосема свое што со никого не мора, а и не треба, да се дели.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така, и сè така си врвеа средите, доаѓаа нови, и тие заминуваа, па пак други среди по нив, сè така во недоглед.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оваа мисла ме успокои.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можам..., не можам да го поднесувам незнаењето. Не ја поднесувам несмасната изгубеност. Тие недовршени мисли ме убиваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оваа мисла ме штрекна. Гледај, значи не било случајно ниту што била фрлена некогаш, ниту што е фрлена сега. Ете, најпосле!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ такви мисли ме демнат, молкум за срце ме фаќаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа мисла ме зафаќа, додека сонцето изгрева, на пат кон дома.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сите наши егзистенцијални кризи елегантно се вкапсулирани во една малечка таблета.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И чудна мисла ме фаќа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Црни мисли ме шетаат наваму, натаму, одовде доонаму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)