мисла (имн.) - постојано (прил.)

На почетокот од записот има една реченица во која се прашувам зошто си го гнасам лицето и дека таа мисла постојано ми се меткала низ глава.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа мисла постојано ја прогонувала. Немала мир.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И господи, боже мој, Верочка, помисли си: Лења е сега само неколку улици понатаму од нас и јас во мислите постојано натаму се свртувам и ништо не гледам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Неговите мисли постојано се вртеа во ист круг, како расипана плоча.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку агенти на Полицијата на мислите постојано се движеа меѓу нив, ширејќи лажни приказни и обележувајќи ги и елиминирајќи ги малубројните поединци за кои се оценуваше дека би можеле да станат опасни; но не беше направен ниту еден обид за нивна индоктринација со идеологијата на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вака, не знаеше што прават неговите, знаеше само дека се загрижени, дека мислите постојано им се упатени кон него и тешко им е.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)