мистерија (имн.) - во (предл.)

Потоа, отпоздравувајќи има на познатите што ќе влезеа во кафеаната, безгласно, само со положена дланка на гради, не толку со занес колку со внимавање да биде разбран и наполно јасен почнуваше да раскажува. Не можев да не поверувам дека неговиот дух не се војва низ минатото, меѓу човечките крводелци и недоразбирање од стојбиштето на неверојатното што сѐ повеќе се сокрива под превез со боја на латици од крваригин цвет; раскажува а ти навлегуваш во зона на мистерија во која се испреплетуваат љубов и омраза, тие моќни чинители на човечките драми и балканските игри низ векови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш се гледа душата на месечината, каде што се кријат сите нејзини таинствени мистерии во темната страна на месечината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мистеријата во неговото опстојување е во тоа дека највисоката и крајна апстракција за темелот на светот како божество на крајот на краиштата претставува нешто сосема “натуралистичко”, додека “класицистот” со својата близина до природата доаѓа дотаму она метафизички не-сликовитото, имено, Бога, да си го претставува во сосема алогична фигура за човечката историја: како човек. okno.mk 247
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Значи: маниризмот е антинатуралистичен и доследно стреми кон тотална апстракција.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ама исто така ми беше јасно дека моите шанси се поголеми откако оној „еден ден”, стана „една среда”, иако не ми олесни туку дури ми беше и потешко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имаше голема мистерија во сето тоа, имаше нешто што јас не го знаев и не требаше да го дознаам – тоа ми беше јасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така го зафаќаме пра-дуктусот на тие „прагестови“ на човештвото - во уметноста, литературата, музиката - егзистенцијално, како методика на една нова метафизика или, подобро и појасно: класиката сака „прикривањето“ на „изворите и пратемелите“ да ги направи видливи на „чистина“, а маниризмот сака закривеноста и скриеноста да преовладеат над јаснотијата, т.е. класиката сака да ја прикрие мистеријата во една разбирлива природа, а маниризмот настојува во тнр. идеја да доведе до дејствување на самата прикриеност како таква.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Притоа „апсолутот“ може да се изедначи со она „божественото“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)