млаз (имн.) - од (предл.)

Само вода може валканица да измие под млаз од доживувања нови, такви обезличени судби без име, само справедливост без аршин двоен. Еден се многу, а малку се сто.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Млаз од пареа ја пресече маглата отфрлајќи ја настрана.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Педантеријата на моите соседи – млазот од цревото, сунѓерот и л’скањето на шофершајбните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И шуркањето на килибарниот млаз од чајот и танкото тропање на лажичето во шолјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)