млеко (имн.) - да (сврз.)

Нема сестри, нема брачеди, ни внуци на чие млеко да го задои нејзиното првенче. Уште како тешка таа си редеше и си мислеше: која баба, која задојница, која нарачница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ниедна шурка млеко да удри, да шумне, да запени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето се прашуваа – како може млекото да извира од тврдината?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, на сѐ ја подучувам Уља: зошто не чини да ги заборави пелените надвор, а ѝ ги зајде сонцето, и како млекото да го варди од ветроштини и надворештини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледаш, немате ни прашок за перење, ни масло, ни млеко да купите. Струјата ви ја кратат. Дојдете!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секој од луѓето просто со мајчиното млеко да го исцица тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А мој Бојан, не берете гајле, ќе го научи и неварено млеко да пие, а сам и од овца направо да цица...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И после само ми игра срцето, што се вели, мислам одново тргнало млекото да ми иде. 66.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)