мнозинство (имн.) - во (предл.)

Во својот извештај од 7 август 1944 година ќе истакне дека “Словените претставуваат малцинство во Грција и мнозинство во областа Вичо“ и “скоро сите зборуваат словенски.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Работата со регрутирањето одеше како подмачкана, едноставно сиромашните деца беа мнозинство во земјата и немаа некој поголем избор освен да пристапат во гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Судиите-поротници ги избира и разрешува Судскиот совет на РМ, под услови и во постапка опре- делени со закон (чл. 42, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога Советот избира судија- поротник во суд кој се наоѓа на подрачје на единица на локална самоуправа каде што 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ (чл. 46, ЗСС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога суди во прв степен, сове- тот е составен од еден судија како претседател на советот и двајца 278 судии-поротници (чл. 35, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имам чувство дека мнозинството во Silicon Valley ги крева рамениците и се шегува дека се работи за премногу LSD. 88 Margina #17-18 [1995] | okno.mk Јапонците не се шегуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа беше само елемент на административниот идентитет на ќерка им, додека нејзината личност им припаѓаше и на јудејскиот и на германскиот протестантски идентитет, но и на оној на католичкото мнозинство во средината во која сите живееја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во една пригода, верувајќи во својот предлог Арафат ќе истакне дека во рамките на движењето Фатах, Палестинците и еврејските сафарди, кои го сочинуваат мнозинството во Израел, и имаат многу заеднички обележја и би можеле среќно да живеат ослободени од ционизмот и арапскиот национализам Арафат набргу официјално ќе го напушти својот сон за создавање на една обединета и демократска држава, кога на 15 ноември 1988-та, во срцето на Њујорк, на Ист Ривер, пред двесте дипломати и други поканети ќе го заврши својот говор со зборовите, со стиховите на поетот Махмуд Дарвиш: Ви носам маслиново гранче и пушка на борец за слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За разлика од кривата на владетелите, со јасна линија на подемот и падот, Арафат ќе оствари повеќе такви криви на владеењето, со чести полети и падови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде, се забележува, треба да се справиме со идеологија што се стреми кон либералниот капитализам, со мнозинството во кое секој е против секого; мнозинството е водено од невидливата рака на улицата, која секој ја следи согласно со своите интереси, и на тој начин најмногу придонесува за доброто на целото мнозинство...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)